china_papersover_us-500x330Франција, Германија и Италија планираат да го следат примерот на Велика Британија, која изрази интерес да стане еден од основачите на Азиската банка за инвестиции во инфраструктурата (AIIB), предводена од Кина, потврдуваат од француското Министерство за финансии.

Почетните 50 милијарди долари капитал на AIIB се обезбедени од страна на Кина, целта на оваа банка е финансирање на регионалниот развој. AIIB со тоа се поставува на пазарот како можен конкурент на меѓународните кредитори со седиште во САД, како што е Светската банка.

САД, Јапонија и Јужна Кореја одбија да се вклучат меѓу членовите основачи. Спротивно на тоа, во рок од една недела четирите водечки европски економии сигнализираат дека се подготвени да го прифатат тој статус.

Кон крајот на минатата недела Велика Британија испрати порака дека е подготвена да стане првата западна земја која ќе се приклучи на AIIB, со цел да ги зајакне односите со Кина.

Кина во октомври минатата година, заедно со 20 земји потпиша меморандум за разбирање со кој се најавува формирање на банка за развој со седиште во Пекинг.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Хонг Леи, коментирајќи за натписите за интерес на државите кои сакаат да се приклучат кон AIIB, само рече: “Ги поздравуваме земјите кои сакаат да се приклучат во AIIB како членови основачи”.

“AIIB е отворена мултилатерална инвестициона институција”, изјави портпаролот, додавајќи дека “учеството на земји надвор од регионот ќе ја интензивираат разгранетата репрезентативност на AIIB”.