Регионалната американска банка ПакВест Банкорп (PacWest Bancorp) со седиште во Лос Анџелес разгледува стратешки опции, вклучително и потенцијална продажба или докапитализација, со надеж дека ќе ја избегне судбината на другите банки кои веќе се преземени од регулаторите.

Банката се надева дека ќе ја избегне судбината на другите банки преземени од американските регулатори со проактивно изнаоѓање решенија за зајакнување на нејзините финансии.

Овие напори следеа откако банката собра 1,4 милијарди долари од инвестициската фирма Атлас СП Партнерс (Atlas SP Partners) кон крајот на март.

ПакВест е меѓу првите 100 банки во САД и има филијали во Калифорнија, како и во Дурам, Северна Каролина и Денвер, Колорадо. Според минатонеделните резултати од првиот квартал, нејзините депозити се стабилизирале откако некои клиенти ги повлекле своите пари.

Последните најави од ПакВест, сепак, поттикнаа остар пад на цената на нејзините акции и на неколку други американски регионални кредитори во тргувањето по затворањето на американските берзи вчера.