Сепак, растот на кириите во централниот деловен округ се очекува да се забави следната година

Централната деловна област на Хонг Конг го предводеше рангирањето на JLL (консултантската компанија) за најскапите канцелариски пазари во светот четврти пат по ред, објави Блумберг.

Трошоците за изнајмување на канцелариски простор, вклучувајќи ги кириите, даноците и давачките за услуги, се 60 отсто повисоки од Менхетен во Њујорк и речиси 75 отсто над Лондон Вест Енд, според JLL’s Premium Office Rent Tracker . Тоа вклучува населби со првокласни канцелариски згради во 61 града.

Првите пет од најскапите канцелариски пазари во светот ги вклучуваат Финансиската улица во Пекинг и Мидтаун Менхетен. Десетте ги вклучуваат: Силиконската долина, Шенжен, Централниот деловен округ во Пекинг, Токио и Делхи.
Компаниите кои бараат евтина дестинација да го базираат својот бизнис треба да одат во Африка. Канцелариите за изнајмување во Јоханесбург се само 20 долари по квадратен метар годишно, што ги прави најевтините во светот. Следно се Најроби, Куала Лумпур, Манила и Шенду во Кина. Десет од најевтините канцелариски пазари во светот се надополнети со Варшава, Бангкок, Оукленд, Истанбул и Хелсинки.

Изнајмувањата на првокласни канцеларии се однесуваат за површини над 930 квадратни метри во клучните згради во централните бизнис населби во секој град, забележува JLL.

“Стабилниот економски раст во САД продолжува да го поддржува пазарот за канцеларии во Њујорк, откако слободните површини во Мидтаун достигнаа десетгодишно дно”, вели Денис Ма, шеф на одделот за истражување во JLL.

“Од друга страна, растот на кириите во Хонгконг се забавува врз сигналите за слабеење на побарувачката од Кина и нестабилната берза, растот е поддржан само од исклучително ограничените слободни површини во Централниот бизнис кварт”, додава тој.

Според Ма кириите за првокласни канцеларии во Хонг Конг може да се намалат, кога пазарот ќе влезе во фаза на корекција особено ако трговската војна меѓу САД и Кина продолжи и тоа ќе влијае на расположението на бизнисот.

Според други аналитичари намалената побарувачка за првокласни канцелариски простор во Централниот бизнис кварт може да доведе до пад на кириите до 5% следната година и покрај привременото примирје на трговскиот спор меѓу САД и Кина.

“Расположението на финансискиот и станбениот пазар може да се подобри во следните недели, но неизвесноста останува до целосното решавање на трговскиот конфликт”, смета Маркос Чан, шеф на одделот за истражување во CBRE.

Colliers International пак прогнозира пад на кириите на канцелариите во Централниот бизнис кварт во Хонг Конг со 3,8% следната година.

Банките и компаниите за финансиски услуги се најголемите станари на првокласен канцелариски простор во светот. Тие се водечки сектор во малку над 50% од испитаните 72 на пазарот.