Помагаме и придонесуваме за еднакви можности и за инклузивен свет. Затоа со големо задоволство ги поддржавме инклузивните работилници „Читаме без дискриминација“ на здружението „Свет на различни, а еднакви“,велат од Комерцијална банка.

Комерцијална банка е поддржувач на „Свет на различни, а еднакви“ веќе две години и финансиски го помогна издавањето на сликовниците „Другарите од зоолошката градина“ и „Буква по буква – Азбука“, во кои текстот и илустрациите се испишани на видно писмо и на Брајово писмо, што ги прави достапни и за читатели со оштетен вид.

Со цел доближување на овие едукативни содржини до што поголем број читатели, Банката придонесе и за реализација на четири инклузивни работилници за деца од предучилишна возраст и за ученици од прво до трето одделение.

Во нашата определба да помогнеме за еднакви можности и за поттикнување на инклузивното општество, ни претставува чест и задоволство да ги поддржиме иницијативите кои ги менуваат стереотипите и создаваат нови погледи кај децата уште од рана возраст, велат од банката.