Кредит Свис изгуби 4,7 милијарди долари минатиот месец, поради поврзаноста со хеџ фондот Архегос, чиј колапс добро го потресе Волстрит. Покрај финансиската загуба, познатата банка ја намали прогнозата за исплата на дивиденда за дури две третини, а двајцата најважни директори беа отпуштени.

Директорите на сегментите за инвестициско банкарство Брајан Чин и директорката за управување со ризици Лара Ворнер се отпуштени, а ниту еден член на управниот одбор нема да го добие вообичаениот бонус оваа година, изјавија од Креди Свис.

Втората по големина швајцарска банка позајми пари на хеџ фондот Архегос, во сопственост на контроверзниот Бил Хванг. Кога Архегос започна избезумено да распродава акции на Вол Стрит, неговите доверители останаа „ со кратки ракави“, а најголем губитник меѓу нив беше Креди Свис.

Вредноста на акциите на оваа банкарска групација падна за скоро 25 проценти во текот на март, додека во првите денови од април тие забележаа знаци на мало закрепнување. Иако не се очекуваат понатамошни значителни падови на вредноста, прашање е кога тоа ќе се врати на нивото пред избувнувањето на аферата со Архегос.