Во февруари просечната бруто заработка во Црна Гора изнесувала 1026 евра, додека просечната нето плата во овој период изнесувала 821 евра, соопшти „Монстат“.

Просечната нето заработувачка во февруари во однос на јануари годинава остварила раст од 0,2%, додека во однос на истиот месец една година порано била поголема за 6,4%

Раст на нето платите во овој период била забележана во секторите: Стручна, научна и техничка дејност (4,4%), Работа со недвижности (4,2%), Водовод, управување со отпадни води, конрола на процесот, отстранување на отпад и слични активности (2,8%), Финансиски активности и осигурување (2,7%), Информации и комуникации (1,6%), итн.

Пад на просечната нето заработувачка во февруари година во однос на претходниот месец била забележана во следните сектори: Преработувачка индустрија (1,9%), Останати услужни дејности (1,8%), Услуги за сместување и исхрана (1,6%), Здравствена и социјална заштита (1,1%) итн.

Со оглед на месечниот пораст на потрошувачките цени во февруари од 0,4%, реалната заботувачка во овој период бележи пад од 0,2%.