Инвеститорите во криптовалути со нетрпение го чекаат мај кога би требало да се случи, според многу аналитичари, денот Д за биткоинот.

На 12 мај оваа година според некои извори ќе се случи таканаречено ново преполовување, што на поедноставен начин значи дека во еднакви временски интервали како досега ќе доаѓаат двојно помалку биткоини. Некои веќе предвидуваат дека цената на биткоините ќе се зголеми, како што се случило по првото и второто преполовување, односно во 2012 и 2016 година, пишува „SEEbizz“.

Последица на таканареченото биткоин рударење, што е компјутерско барање на решенија за тешки математички проблеми, резултира со додавање на нови блокови на записи за транскации на криптовалути во ланецот на блокови на податоци на биткоинот или таканаречен blockchain.

Секој нов блок се додава на ланецот на биткоини во просек на секои десет минути. Ова прави нови биткоини со кои се наградуваат рударите. Оние кои со рударењето допринеле со поголема компјутерска моќ, добиваат релативно поголеми награди.

Моментално има многу поголем интерес за следното преполовување отколку пред четири години, кога криптовалутите уште не биле предмет на инстерес на поголемиот круг на малите инвеститори.

Иако минатиот раст на цените на биткоинот не се показател на иден раст, можно е на зголемениот интерес за купување на биткоини во наредните недели да влијаат минатите преполовувања.