• Масовното ширење на градот и апсорбирање на половина жители на Македонија на територија од 225 км2 градско подрачје ги помести нормите за рационално инвестирање.
  • Сведоци сме на цени од 1.200 ЕУР во населба Железара, 1.250 во Автокоманда, 1.300 во Гази Баба, 1.350 во Аеродром и Карпош, па се до 2.000 ЕУР во Центар.
  • Има ли крај наглото поскапување на станбен простор во Скопје? Доколку се следат економските принципи, можно е ова да “мириса” на одреден меур, кој доколку пукне, може да има огромни последици за националната економија.