Поголемиот дел од популацијата на нордиската земја веќе се прилагодува на новите услови за плаќање и ја поддржува транзицијата кон дигитална валута.

Шведскиот пазар за плаќања на мало се оддалечува од употребата на готовина. Износот на банкнотите во оптек е намален на 1% од бруто-домашниот производ на скандинавската земја.

Овој тренд покренува голем број прашања околу улогата на државата во пазарот на порамнувања, пишува заменик Гувернерот на Централната банка на Шведска Сесилија Скингсли за World Economic Forum.

Со векови, централните банки на земјите ја снабдуваја јавноста со банкноти и монети. Ако централните банки престанат да работат, ќе ги остават сите поединци да се потпираат на приватниот сектор за пристап до пари и начини на плаќање.

Ова би била историска промена без преседан.

Централната банка на Шведска, Riksbank, ги разгледува евентуалните последици од оваа промена, вклучувајќи го и прашањето како да се изгради дигитална валута (е-круна), која ќе биде управувана од неа.

Што е е-круна во својата суштина?

Да почнеме од почеток, посочува Скингсли.

Шведскиот закон им овозможува на трговците на мало, рестораните и другите компании да одбијат да прифатат готовина и за таа цел треба да постават знак за да ги предупредат клиентите.

Заедно со банките кои престануваат да нудат парични услуги, трендот на перење пари продолжува брзо да се развива.

Згора на се, голем дел од шведските граѓани го поддржуваат овој вовед од државата и имаат тенденција да се прилагодуваат на новите услови и технологии, што резултираѓе со тоа да половина од населението веќе користи различни апликации за дигитално плаќање.

Со создавање на врска помеѓу одделните банкарски сметки со мобилниот телефон, во Шведска е исклучително лесно и удобно да купите весник или да платте сметката во ресторан, да се соберат пари за подарок Божиќ или да се платат комуналните сметки само со мобилниот. Сето ова е направено преку системот на бруто порамнување на Riksbank во реално време.

Во рок од неколку години, ако сегашниот тренд продолжи, Швеѓаните би можеле да се најдат во ситуација во која парите во готово веќе нема да бидат прифатени никаде како средство за плаќање.

Во Норвешка постои сличен процес, бидејќи норвешките и шведските централни банки работат заедно во оваа насока.

Во еврозоната кешот сè уште се користи со приоритет. Вредноста на постојниот износ на готовина во групите на земјите е еквивалентна на 10% од нивниот бруто домашен производ, во споредба со Шведска, каде што оваа бројка е само 1%.

Во наредните години ќе треба да се преземат неколку тешки одлуки.

Платниот пазар мора да се регулира и контролира со нови методи за да се исполни целта за обезбедување на безбеден, ефикасен и сеопфатен начин на плаќање.

Се работи за целосно отфрлање на печатени пари и ковани парички.

Алтернатива на ова решение е да се воведат, покрај хартиените пари и монетите, дигиталната валута слична на е-круната.

Издадената од Централната банка на Шведска дигитална валута е нова и релативно слабо проучена можност за плаќање, која привлекува се поголем интерес меѓу другите национални банкарски институции.

Основниот концепт на е-Крона е да биде дигитална и конвертибилна во сооднос од 1/1 со сегашната готовинска круна.

Од индивидуална гледна точка, е-круната може да се зачува на мобилниот телефон, на дебитна или кредитна картичка и во дигиталната сметка.

Риксбанк обезбеди удобна платежна инфраструктура за да помогне во развојот на дигиталната валута.

Во зависност од обемот и изборот на дизајнот, имплементацијата на е-круната може да има различни последици. Нејзиното влијание врз финансискиот систем зависи од тоа како побарувачката за валута се однесува во различни околности.