2011-01-12-3574_0_22_dollar_euro_450-450x330Еврото дополнително изгуби на вредност во однос на доларот и доколку тоа продолжи, би можело да се случи нешто што ретко се случува еврото да има изедначена вредност со доларот.

Падот на еврото може да и помогне на економијата на еврозоната, како и на американските туристи кои доаѓањето во Европа ќе им биде поефтино.

Европската валута е во опаѓање од мај минатата година, кога едно евро се менуваше за 1,4 долари, додека вредноста на доларот, од друга страна, е во пораст во однос и на другите валути.

Европа станува поевтина за американските туристи. За многу европски земји, приходите од туризмот значат многу. Во Грција, на пример, една петтина од приходите доаѓаат од туризмот.

На подолг рок, влијание на слабото еврото ќе биде од суштинско значење во стратегијата на компаниите. Големите европски извозници, особено во големите европски економии како Германија, ќе имаат корист од падот на еврото, додека на американските производители тоа ќе им штети.

На движењето на девизниот пазар, главно влијание имаат одлуките на централните банки. Европската централна банка ги намали каматните стапки и покрена програма за вбризгување на пари, што доведе до ослабнување на еврото, Банката на федерални резерви ФЕД го прави токму спротивното се подготвува да ја подигне референтната каматна стапка по минатогодишната одлука да стави крај на стимулирањето на економијата.

Американската влада соопшти дека стапката на невработеност во САД падна на 5,5 проценти, што значи дека наскоро се очекува ФЕД да ја подигне референтната каматна стапка. Оваа информација го поттикна купувањето на долари, а со тоа еврото падна за 1,6 проценти во однос на доларот на 1,0858 $.

Од воведувањето на еврото на финансиските пазари во 1999 година по цена од 1,18 $, вредноста на еврото долг период се движеше над тековниот девизен курс во однос на доларот.

Еврото првично беше релативно непожелно, но кон крајот на 2000 година, Европската централна банка и другите централни банки интервенираа на пазарот со цел да го оживеат еврото, кое во еден момент падна на 0,82 $.

Тоа му помогна на еврото да воспостави паритет со доларот на крајот на 2002 година. До летото 2008 година, во пресрет на глобалната финансиска криза, еврото го достигна своето рекордно високо ниво од над 1,60 $.