Дали биткоинот треба да се третира како и секое платежно средство или пак како добро кое се поседува и од кое може да се вршат последователни трансакции. Ова прашање сигурно се почесто ќе си го поставуваат министерствата за финансии на државите каде што ќе се имплементираат плаќањата во биткоин.

Во Германија корисниците на биткоин ако сакаат да пазарат со оваа криптовалута и да купат на пример кафе во бар нема да треба да треба да платат данок на извршената трансакција. Тие правила веќе ги појасни министерството за финансии на Германија давајќи гаранции дека сопствениците на биткоин или други криптовалути нема да биде дополнително оданачени за трансакциите кои ќе ги вршат.

Сосема спротивно во САД, даночната служба смета дека биткоинот е добро, па така секоја трансакција значи дека му носи и добивка на нејзиниот сопственик кој потоа од истата треба да издвои и дел за државата, односно да си плати данок.

Германија својата одлука за базира врз судска пресуда на европски суд која е земена како веќе воспоставена пракса при што сопствениците на биткоин или било која друга криптовалута не се подложни на данок при платежни трансакции. Берзите на криптовалути од друга страна пак, остваруваат профит и тие се подложни на соодветен данок/