Од извозник, земјава ќе стане увозник на работна сила. Масовното иселување од Македонија ќе предизвика затворање на дел од домашните фабрики затоа што едноставно веќе нема кој да има да работи во нив. Заради ова Агенциите кои посредуваат за вработување во странство, апелираат политичарите заедно со економистите веднаш да направат миграциона стратегија.

Ако има свесни политичари, треба да седниме и да се договорами од каде и под кои услови да увеземе кадри. Романија, Бугарија, Унгарија веќе имаат дефицит на квалификувана работна сила. Сеге веќе се  соочуваат со затворање на дел од производствените капацитети. Верувајте, истсото ќе ни се случи и нас, изјави Зоран Кочоски, Агенција за посредување за вработувања во Европа 7,39

Најголема потреба за вработување странци во моментов има во Англија. Се бараат околу 33.000 лица. 200 Македонци веќе заминале, а 600 чекаат потврда да заминат. Најмногу се бараат земјоделци, а вистински среќници се тие што ќе станат камионџии или водоводџии.

За да бидете водоводџија во Ангилија нема никаков услов, а може да заработите до  100,000 фунти годишно, додава Кочоски.