Откако премиерот Ковачевски со неговиот бугарски колега минатата недела договорија од октомври до март Бугарија на Македонија да и испорачува околу 5 гигавати струја дневно.

Азески вели дека цената по која ќе се набавува се уште не е договорена, но постојат проблеми со преносот кои треба да се решат.

„Се работи за базна струја која нема можност да се пренесе тука, ќе треба да се користи грчкиот преносен систем или другоп место, ќе се преговара. Нема да е доволна, но ќе биде сериозна основа за да се поткрепи системот. Брзина ќе биде многу значајна, но за се тоа се потребни пари. Треба да ја купиш.“ изјави Бранко Азески, претседател на Стопанска комора

Енергетската криза беше во фокусот и на денешната средба која Азески ја оствари со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, кризата ќе потрае и наредната година, струјата ќе биде се поскапа, а државата нема доволно пари за ја набавува.

Стопанството веќе подолг период алармира дека е на раб на колапс поради високите сметки за струја. Владата минатата недела ја ограничи маржата на трговците со струја на 10%.

Азески вели дека се потребни и дополнителни мерки, кои ги очекуваат веќе наредната недела.