Многу добри американски старт-апи привлекуваа петродолри од Саудиска Арабија, но случајот Кашоги сега ги искомплицира работите

Може ли Силициевата долина да пострада заради саудитите?

Долго време тоа беше само бизнис и за двете страни, од кој секој победува. Основачите во Силиконската долина ги земаа со задоволство парите од Саудиска Арабија, а пустинска држава ја намалува зависноста од нафтата, со инвестирањето во млади, надежни компании. Но сега сомнежите растат. Причината за жестоката дискусија во Силиконската долина е смртта на Џамал ​​Кашоги, истакнат новинар и критичар на саудискиот режим.

Сега се јавуваат прашања кои долго време едвај некој си поставил. Кои се оние милиони кои Саудиска Арабија ги користи за да финансира голем дел од работните места и подем на американскиот Западен брег? Кралството тврди дека Кашоги починал во конзулатот во Истанбул по “агресивна борба”, а САД ја обвинуваат Саудиска Арабија за неговото убиство. Значи дали за валкани пари станува збор, кои не се совпаѓаат во целост со мотото на Силиконската долина за припадност кон најдобрите и желба да прават светот подобар?

За компаниите тоа се неудобни прашања. Додека други земји, како Јапонија и Кина, исто така инвестираат сериозно во последните неколку месеци во Долината, Саудиска Арабија ја има веројатно најважната улога во “финансирањето за помалите фирми веќе да не претставува пречка”, како што неодамна призна американски инвеститор. Првата реакција на критичните прашања дојде пред неколку дена од Дара Косровшахи, извршен директор на Uber. Тој го откажа учеството на конференцијата во саудиската престолнина Ријад. Материјалите за исчезнувањето на Кашоги го растревожија многу, пишуваше во соопштението на Косровшахи. Тој ќе го следел одблизу понатамошниот развој на прашањето.

Наглото будење на критиките кон нафтените пари од Блискиот Исток ја прави Uber уште понервозна од другите компании. На крајот на краиштата, компанијата сака наскоро да стане јавна, што може да претставува и најголемото IPO на технолошка компанија. Во таква ситуација загриженоста не се добар пријател.

Доволно лошо е за Uber да треба да се брани дека растот досега е финансиран од Саудиска Арабија. Во 2016 година државниот инвестициски фонд вложи 3,5 милијарди долари во Uber. Индиректно – преку мегафондација од 100 милијарди долари на јапонската компанија Softbank беа привлечени други саудиски милијарди. Ако во наредните месеци Uber всушност стане јавна компанија со очекуваната оценка од над 120 милијарди долари – уделот на Саудиска Арабија би бил околу 17 милијарди долари.

Коосновачот на AOL и актуелен инвеститор Стив Кејси исто одби учество во конференцијата. Џејми Димон, шеф на J.P. Morgan, како и шефовите на Blackrock Лари Финк и на Blackstone Стив Шварцман – исто. Учеството на конференцијата Davos in the Desert на крајот на октомври стана ризик за американските компании. Шефот на Deutsche Bank Кристијан Зевинг исто го откажа учеството, изјави во петокот извор за Ројтерс. Официјално банката не ја коментира темата. Дури шефот на швајцарскиот електроконцерн ABB Улрих Шпијсхофер нема да патува во Саудиска Арабија.

За Саудиска Арабија откажувањата се непријатни: конференцијата наречена Future Investment Initiative (FII), на крајот мораше да ја покаже земјата како модерен и космополитски мотор на новите технологии. Под мотото на традиционалната средба на бизнис елитата во Швајцарија конференцијата се нарекува уште “Давос во пустината”.

На премиерата минатата година принцот Мохамаед бин Салман најави изградбата на новиот главен град Неом за околу 500 милијарди долари. Саудиска Арабија побара помош од своите американски пријатели не само за овој проект: поранешниот шеф на Uber Тревис Каланик е во Консултативниот совет на Неом, како и инвеститорот Марк Андријсон и други личности од Силиконската долина. Шефот на Apple по дизајн Џони Ив веќе не е во листата. Никој од другите консултанти сеуште не коментирал дали сеуште сака да се придржува кон оваа задача.

И така, последиците од аферата засега се само зборови и бојкот на една конференција, која може да се претвори во лош број. “Секој се надева дека историјата наскоро ќе биде заборавена”, вели виш службеник на инвестициска фирма, кој преферира да остане анонимен. “Зависноста е премногу голема, а зделките премногу примамливи за да се промени нешто во односите”.

Навистина никој не отиде толку далеку колку британскиот директор на Virgin Ричард Бренсон. Тој веднаш ги заврши сите преговори со Кралството за заеднички проекти во областа на вселената и туризмот. Се разбира, тие секогаш можат да бидат тивко и тајно обновени.

Но што ќе се случи ако недоразбирањето не исчезне толку брзо?

Во меѓувреме многу луѓе во Силиконската долина веќе не го сметаат јавното мислење за најмоќниот мотор за активностите на компаниите. Наместо тоа стравот на шефовите поради протестите од страна на вработените станува поголем. Пред неколку дена Google се повлече од профитабилен проект со Министерството за одбрана на САД токму заради притисокот на вработените. Нешто слично може да се случи сега кога Uber, конкурентите Lyft, Tesla или Twitter, од кои сите веќе имаат добиено високи суми од Саудиска Арабија.

Сепак можеби најголемата закана за саудискиот бизнис во моментов се наоѓа во Јапонија, коментира Bloomberg. Главниот извршен директор на најголемата банка во Јапонија MUFG Bank Ltd. Канецугу Такахара исто одби, во неделата, учество на финансиската конференција на Саудиска Арабија.

А технолошкиот гигант Softbank е во екот на дискусии со Ријад за втор инвестициски фонд за 100 милијарди долари. Како и при првиот, Саудијците сакаат да учествуваат со 45 милијарди долари во овој фонд. Оваа недела менаџерот на Softbank Марсело Клајур, изјави на конференција во Сан Хозе дека Јапонците ги следат со загриженост случувањата пред да бидат преземени дополнителни решенија. На крајот Softbank ќе треба да одлучи дали да формира помал фонд без саудиските милијарди, или го да преземе ризикот за следниот ветувачки старт-ап да побара друг инвеститор.