Со само еден потег американската влада може да го промени криптовалутниот систем, и постои голема можност да се направи црна листа на сите граѓани на САД кои поседуваат криптовалути.

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) соопшти на 19 март дека разгледува од црната листа на сите да им се забрани работа.

Во новиот дел на својот сајт , под името „Прашања во врска со дигитални валути“ , OFAC истакнал дека „Можеби ќе се додадат личности кои поседуваат дигитални валути на специјална (црна) листа да ја предупредат јавноста на можна дигитална опасност.

Што е црна листа или SDN?

Специјална или т.н. црна листа опфаќа физички и правни лица кои се санкционрани од страна на владата поради тероризам, трговија со оружје за масовно уништување и илегална трговија со дрога. Оваа листа опфаќа различни видови на евиденција, вклучувајќи во некои случаи само имиња, но во други случаи презимиња и адреса, па се разгледува можноста на листата да се појават сите податоци на сите лица кои поседуваат криптовалути.

Финансиските институции за истражување на криптовалутите ќе ја проверат адресата која сте ја користеле за трансакција.

Често се поттикнува известување за адреси во врска со наведени поединци, што сугерира за оние кои планираат да ја дополнат црната листа, на тоа работат веќе долг временски период.