Организациската комуникација е важен аспект од деловното опстојување на секоја компанија. Таа е темел и појдовна точка за постигнување повисока компаниска ефикасност. Организациската комуникација го овозможува преносот на информации меѓу вработените и ги решава и елиминира недоразбирањата меѓу нив. Без оглед на тоа колку организациското комуницирање изгледа како секојдневен и едноставен процес, кој сам по себе се одвива, добрите менаџери знаат дека мора да се потрудат добро да ги искористат вештините за деловна комуникација за остварување деловни придобивки за компанијата.
На интерно ниво, добрите вештини за комуницирање придонесуваат за воспоставување добри меѓучовечки односи помеѓу вработените, но и на релација вработени – менаџери. Добрата комуникација помага при создавање на успешна деловна средина и организациска култура каде што постои меѓусебно почитување и мотивираност на вработените за остварување на организациските цели, но и каде што се негуваат правилните норми, вредности и ставови.

Добрите вештини за комуницирање го овозможуваат тоа. Кога се размислува за деловната комуникација на екстерно ниво, несомнено е дека прво на што неизбежно би се помислило е комуникацијата која организацијата ја има со клиентите, добавувачите и другите соработници. Ова е исто толку важна димензија на деловната комуникација. Во современата глобална економија, кога многу малку компании функционираат само во границите на земјата во која се наоѓаат, наспроти мноштвото компании што се одлучуваат да функционираат меѓународно, не смее да се заборави и подобрувањето на интерперсоналниот и интеркултурниот однос. Сите претходно наведени аспекти на корисноста на добрите вештини за интерна и екстерна деловна комуникација имаат статус на начини преку кои индиректно или директно се помага при остварувањето на организациските цели, што секако води кон позитивен ефект врз успешноста и ефикасноста на компанијата.

Програма:
– Улогата на комуникацијата;
– Видови деловна комуникација;
– Комуникациски бариери;
– Невербална комуникација и тимска работа;
– Улогите на невербалната комуникација;
– Процес на слушање;
– Тимска работа;
– Деловна коресподенција;
– Техничка комуникација;
– Планирање презентација;
– Организирање презентација;
– Организирање продуктивни и ефективни состаноци;
– Видови состаноци;
– Комуникација со потрошувачи;
– Комуникација при барање работа;
– Разговор со работодавецот (интервју);
– Комуникација на работното место – основи на деловниот бон тон.

МОДУЛИ
Модул 1:
Улогата на комуникацијата
• Процесот на комуникација;
• Видови деловна комуникација;
• Комуникациски бариери;
• Читање на работното место.

Невербална комуникација и тимска работа
• Улогите на невербалната комуникација;
• Невербалните симболи и вашиот стил;
• Процес на слушање;
• Тимска работа.

Модул 2:
Деловна коресподенција
Пишување на потрошувачи и на корисници
Техничка комуникација

Презентации и состаноци:
• Усни презентации;
• Планирање презентација;
• Организирање презентација;
• Начин на држење говор;
• Ефективни состаноци;
• Видови состаноци;
• Документи за состаноци;
• Учество на состаноци ;
• Организирање продуктивни состаноци.

Модул 3:
Комуникација со потрошувачи
Комуникација при барање работа:
• Постапка за учество на конкурс;
• Разговор со работодавецот (интервју).

Целна група:
– Вработени лица на различни работни позиции во рамки на вертикалната хиерархија на организацијата.

Предавачи:
-Проф. д-р Драган Ѓурчевски, доктор на економски науки, специјалност меѓународна економија.
-Доц. д-р Викторија Трајков, доктор на економски науки, специјалност маркетинг и брендирање.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
– Напатствија за приклучување на онлајн работилницата и
– Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа семинарот можат да се пријават најдоцна до 13.05.2022 година.