„Предлог-законот предвидува неказнивост за поседување до 25 грама марихуана и три стебленца канабис“, се вели во предлог-законот претставен во Берлин од министерот за здравство Карл Лаутербах (Социјалдемократската партија на Германија, СПД) и министерот за земјоделство Џем Оздемир (Зелени).

Понатаму, ограниченото издавање на канабис во посебни здруженија ќе биде дозволено и со строга контрола на количината.

Лаутербах и Оздемир рекоа дека главната цел на законските измени е да се намали нелегалниот пазар на опијати.

„Никој никогаш не треба да добива дрога од дилер што не знае што купува“, рече Лаутербах.

Оздемир рече дека сегашната политика „целосно ја промашила својата цел“, што го покажува и зголемувањето на бројот на кривични пријави за злоупотреба на дрога.

„Мораме да најдеме нови начини за сузбивање на нелегалниот пазар и криминалот поврзан со дрога“, рече Оздемир.

Во следната фаза треба да се дефинира како ќе се издава канабис во т.н Социјални клубови за канабис, кои треба да се отворат во одредени региони каде што ќе се следат перформансите во период од пет години.

Законот предвидува пристап до овие клубови само за членовите на здруженијата во кои би членувале само возрасни. На овие здруженија ќе им биде дозволено да одгледуваат и дистрибуираат канабис на своите членови под контролирани услови.

На ист начин би се бришел уписот во криминалистичката книга и за лицата кои досега биле осудени за поседување канабис во количина помала од 25 грама.

Првично, социјалдемократско-зелено-либералната влада сакаше да ја легализира продажбата на канабис во специјализирани продавници, но ова е напуштено во овој момент поради „премногу пречки“ поврзани со законските одредби на Европската унија.

Евентуалната продажба на канабис во специјализирани продавници ќе се разгледува по пробниот период.

Полицискиот синдикат ги критикуваше законските измени поради стравувањата дека здруженијата за одгледување канабис би можеле да се претворат во производители и нелегален пазар каде малолетниците би ја купувале дрогата.

„Поседувањето на три растенија канабис дома или максимум 25 грама по лице е речиси невозможно да се контролира“, велат од полицискиот синдикат.

Во моментов, канабисот е дозволен во Германија само во исклучителни случаи и за медицински цели.

Делумна легализација на марихуаната во Германиј