Што ме испровоцира за овој текст?

Секојдневните објави од Народната Банка, разно-разни мешетари, полубанкарски објави, мислења на некакви тинктенкови со вработени кои прво вработување им е во овие центри за делење памет.

Но што тука ме плаши мене? Па, досегашното искуство прво… Секогаш кога ЕВН сака да ја крева цената на струјата ( најчесто неоправдано ), не „загрева“ едно две недели порано со вакви наслови: „Цената на струјата е стабилна и нема да се променува“. Па што не известувате за нешто каде што нема настан.
Слично е и кај денаров, ако е стабилен, нека остане стабилен… Што не известуваат нон-стоп дека е многу стабилен? Некако ми мираса на „загревање“ за есенско ладење… особено на македонските плати…

На што ја темелам оваа теза?
Горенаведените „авторитети“ не знам дали отишле во скоро време во некоја менувачница низ Македонија да видат кој е курсот на денарот и дали имаат менувачниците доволно евра?
Интересот е голем, а еврото се купува за 61,8 денари.

Никаде не слушнавме од монетарните власти, со кој капацитет ќе се брани денарот и зошто е потребно да се брани?

Не можам да ја сватам таа леснотија на игноранството каде моменталниот мир се купува со „стабилноста на денарот“… Па ние заради таа стабилност на денарот, го жртвуваме порастот и извозот и севкупниот развој на економијата… Со децении не лажат дека оваа инвалидна стабилност е нешто добро за нашата економија….
Не, не е… таа е кочница на нашиот развој… Ја држиме само бидејќи не знаеме да пловиме во флексибилни или полу-флексибилни курсеви или курсеви поврзани со кошничка на девизи.
Што прават нашите монетарни власти? Го држат денарот стабилен… и земаат плата непрекинато… Е јаката кочанка што прават… Не ме интересира мене тоа…
Ме интересира како преку монетарни мајстории ние ќе го кренеме стандардот и економијата… макар и било тоа со печатење пари… Се уплашивме од инфлација? Нема што да се плашиме, се разбира доколку е контролирана….
Нашите монетарни власти мора да сватат дека нешто мора да се менува, особено во курсот на денарот… Вака веќе не оди…. Но нема решение… има само објави… денарот е стабилен… добро е , имаме за леб и тоалетна… повеќе не ни треба…

Но, мислам дека тенднециите во буџетот, особено на приходната страна ќе го урнат денарот на 80-100 денари до на зима. Ова е чисто мое мислење… И тоа би било добро… Ќе ни се овозможи да извеземе повеќе и да ја подобриме економијата… а ќе ја истакне и целата полна мизерија на македонската плата, бидејќи номинирана во евра ќе биде скоро преполовена… токму според нашата продуктивност, особено на администрацијата….

Но ако, добро ќе биде ако е така… Мирно море никогаш не создало добар адмирал….

 

Наум Димитровски