На денешниот настан по повод 15 Март- Светскиот ден на правата на потрошувачите што го организира Организацијата на поптрошувачите на Македонија (ОПМ) во соработка со Министерството за економија и Стопанска комора на Македонија, главна тема ќе биде дигиталниот пазар како предизвик за всопоставување поголема доверба меѓу потрошувачите и трговците.

На настанот ќе бидат презентирани и стратегиските определби ОПМ: донесување на нов закон и стратегија за заштита на потрошувачите.

Мотото на светската потрошувачка организација по повод Светскиот ден на правата на потрошувачите е “Да го направиме дигиталниот пазар по фер за потрошувачите”.