На официјалната страна на Министерството за финансии закажана е аукција на државни хартии од вредност во  вкупен износ од 1.780.000.000 или скоро 29 милиони евра. Имено на страната на Министерството за финансии закажана е аукција на 15 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 100.000.000 денари, 2 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 300.000.000 денари , 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1.130.000.000 денари и 6 месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 250.000.000 денари.

 

 

За неполна една година владата ги задолжи македонските граѓани над 1.5 милијарди евра бруто задолжувања додека нето задолжувањата се во износ од 566 милиони евра односно секое семејство за 1.200 илјади евра.

 

 

Имено, во јавноста излегоа информации дека реализираните капитални инвестиции во јануари 2018 година се 6 пати помалку од капиталните инвестиции реализирани во јануари 2017 година.Тоа се само 4 милиони евра за изградба на автопатишта, патишта, пруги, објекти во образованието, здравството и културата.

 

 

Според експертите позагрижувачки е фактот дека овие пари не се трошат за капитални инвестиции кои би значеле долгорочен раст и кои се единствен начин да се  оправдаат енормните задолжувања.

 

 

Експертите изјавуваат дека развојот на една држава се темели на обемот на капиталните инвестиции. Задолжувањето како инструмент е оправдано само ако со него се финансираат капитални инвестиции кои во владеењето на оваа власт отсуствуваат.