Главна тема на семинарот кој ќе се одржи денес е: „Заштита на системите на банките од злоупотреби за целите на перење пари и финансирање тероризам и улогата на одделите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам“.

Семинарот е во организација на Советот на Европа и Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам, а на која ќе се обрати заменик-министерот за финансии Ширет Елези.