Денеска ќе биде соопштен лауреатот на Нобеловата награда за економија, со што ќе заврши годинешниот циклус на објавување на добитниците на престижните Нобелови признанија.

Наградата за економски науки се доделува за значаен придонес во развојот на економската наука и истражувањата што помагаат во подобро разбирање на економските процеси, пазарите и предизвиците со кои се соочуваат општествата.

Објавувањето на името на добитникот традиционално привлекува големо внимание во академската и деловната јавност, особено поради влијанието што економските истражувања можат да го имаат врз креирањето јавни политики и развојот на глобалната економија.