Третиот понеделник во годината е светски познат како најдепресивен и најтажен ден или Blue Monday.

Теоријата за „Blue Monday“ беше воспоставена во 2004 година од Клиф Арнал, велшки психолог кој предаваше во вечерното училиште на образовниот центар на Универзитетот во Кардиф. Самопрогласениот гуру зел предвид бројни фактори, меѓу кои временските услови, долгови, времето што поминало од Божиќ и мотивацијата.

Формулата ја претстави токму тој, и таа гласи: [W + (D – d)] x TQ / M x NA. Притоa, W = временските прилики, D = долгот, d = платата, T = времето кое минало од Божиќ, Q = времето минато од пропаднатите обиди да направиме нешто за себе, M = нивото на мотивација и NA = потребата да тргнеме во акција.

Но, „Blue Monday“ е во основа идеја на маркетинг компанија која сакаше да ја зголеми продажбата на летните аранжмани. Арнал еднаш призна дека едноставно избрал датум кога од него било побарано да го пресмета најдепресивниот ден во годината.

Без разлика на кој датум ќе се „падне“ понеделникот, тој го задржува овој таканаречен статус, бидејќи всушност е почеток на третата недела и со тоа завршува празничниот период во кој речиси целиот свет ги слави Нова Година и Божик, но и други празници поврзани со годината која започнува. Третиот понеделник во годината е она враќање во реалноста, кое нè потсетува дека имаме и други обврски поврзани со егзистенцијата.Од една страна можете да се обидете да си го направите денот поубав, но можете да го оставите и да помине, бидејќи од утре веќе ќе се вратите во своите рутини и ќе се соочувате со предизвиците – изборот е ваш.