Од Управата за јавни приходи (УЈП) соопштија дека денеска се можни прекини на електронските услуги на системот поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ-системот.

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот на УЈП, утре, 29.10.2022 година, (сабота), во период од 09 до 17 часот, може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, со што ќе се примаат пресметки по меил, но, пресметките нема да може да се обработуваат и да се генерираат декларации, а во прекин ќе бидат и е-ПДД и мојДДВ. Штом завршат активностите, системот ќе биде ставен во функција по што ќе може да се користат и Е – услугите – се вели во соопштението од УЈП.

Пристапот до апликацијата „МојДДВ“, изминативе денови беше оневозможен, и тоа во утринските часови. Не беше во функција ниту веб-страницата на Катастарот.