На форумот ќе учествуваат премиерите на земјите од Западен Балкан и претставници на економски институции, кои ќе разговараат за актуелни економски теми во регионот.

 

 

Состанокот следува по Самитот ЕУ-Западен Балкан кој вчера беше одржан во главниот град на Бугарија. Најавено е дека на собирот ќе говорат домаќините шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева и бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и премиери и високи функционери од земјите од Западен Балкан.

Темите за кои ќе се разговара се насловени „Регионот на Западен Балкан: реалност и очекувања – кој ја презема одговорноста“ и „Улогата на инвестициите за раст и стабилност“.