gold_srebro_20130709Американското Министерство за правда и Комисијата за идни тргувања со основните суровини (CFTC) истражуваат најмалку 10 големи банки поради можно местење на цените на благородните метали, објави Wall Street Journal, повикувајќи се на луѓе блиски до истрагата.

Обвинителите на американското Министерство за правда го проверуваат процесот на утврдување на цената на златото, среброто, платината и паладиумот во Лондон, додека CFTC започна сопствена истрага, објави весникот.

.

Како што е наведено под микроскоп се најдоа HSBC, Bank of Nova Scotia, Barclays, Credit Suisse Group, Deutsche Bank, Goldman Sachs Group, JPMorgan Chase & Co., Societe Generale, Standard Bank Group и UBS.

HSBC претходно најави дека CFTC во јануари издала наредба за истрага на банката HSBC Bank USA, барајќи од банката да достави документи поврзани со тргувањето со благородни метали. HSBC е една од големиот број на банки наведени во тужбата, кои беа поднесени минатата година во американските судови за наводниот заговор да се манипулира со цената на златото, среброто, платината и паладиумот и дериватите од благородните метали.