За 11 отсто е зголемен бројот на вработени во слободните зони годинава во споредба со лани, а во исто време и трендот на зголемување на платите.

Компаниите кои работат во технолошко- индустриските развојни зони, вработуваат над 18.000 луѓе, а извозот е зголемен на 650 милиони евра, изјави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Според него, пред да се заговара увоз на работници, треба прво добро да се согледаат домашните потенцијали.