„Deutsche Bank“ ке скратува работни места во инвестициското банкарство, вклучувајќи во Лондон и САД, пренесоа агенциите, повикувајќи се на запознаен извор, според кого бројката може да достигне 500 лица.

Банката е во процес на намалување на 9.000 работни места, или околу еден на секои 10 луѓе, откако 4.000 работни места се очекува да бидат преместени во Германија.

Отпуштањата се случуваат пред банката да ги објави бонусите за 2017-та година, изјави еден друг извор за „Фајненшел тајмс“.

Банката одби да коментира за технолошки вишок. Изворот нагласи дека отпуштањата не се поврзани со тековното тргување на банката, што се подобрува. Мерката е дел од напорите за намалување на трошоците.

„Deutsche Bank“ се разделила со околу 3.500 вработени од 2015-та година, како дел од планот за штедење во износ од 3,8 милијарди евра меѓу 2015-2018-та година.

Цената на акциите на „Deutsche Bank“ падна до најниско ниво од кризата на довербата во 2016-та година, бидејќи аналитичарите ги намалија препораките за купување на нив по објавувањето на разочарувачките резултати за четвртиот квартал.