deutsche-bankDeutsche Bank предупреди дека ќе извести за нето загуба од 6,2 милијарди евра во третиот квартал и можеби ќе се повлече од исплата на дивиденди за оваа година. Банката најави отписи во износ од 5,8 милијарди евра, што “во голема мера е резултат на очекуваните повисоки барања за регулирање на капитал … и тековните очекувања во врска со продажбата на Postbank.”

Дополнителни 1,2 милијарди евра банката ќе издвои за трошоци од правни спорови.

Банката е вклучена во скандал со прилагодување на каматите на референтната понуда во меѓубанкарското кредитирање на пазарот во Лондон (ЛИБОР), а швајцарските власти започнаа истрага против нив и поради сомневање за местење на пазарната цена на благородните метали.

Германскиот банкарски гигант, исто така, отпиша 600 милиони евра вредност од речиси 20 процентниот удел од акциите во Hua Xia Bank. Пораката може да се протолкува како потврда на медиумските извештаи дека тие имаат намера да ги продадат акциите во банката со седиште во Кина, наведува дека го имаат променето планот во врска со тој удел и дека повеќе не го сметаат за стратешки.

Напоменуваат дека ќе бидат принудени значително да ја намалат дивиденда за оваа година, или дури и да се откажат од нејзина исплата.

Бизнис извештајот за третиот квартал Deutsche Bank ќе го објави на 29 Октомври.