stock-footage-globe-and-graphs-blue-stock-market-loopable-background43237ca5750e648bb74cff00002763a0Девизниот курс на еврото во средата на меѓународните девизни пазари падна на рекордно ниско ниво во последните шест недели во однос на доларот, под притисок на програмата за квантитативно олеснување која Европската централна банка (ЕЦБ) се подготвува да ја воведе.

Еврото во една таква атмосфера во однос на доларот падна за 0,5 проценти на 1,1121 $. Во исто време долар индексот зајакната за околу 0,3 проценти на 95,730 поени.

“Во моментов, важно е она што се случува со доларот. ЕЦБ веќе објави кои се нејзините планови во таа смисла еврото е ставено на автопилот, со тоа што економските показатели од еврозоната тешко дека може да променат нешто”, изјави Daragh Maher, валутен стратег на банката HSBC во Лондон.

Долар индексот оваа година порасна за 5,7 проценти, со помош на добрите резултати во економијата на САД во споредба со другите големи светски економски области, како и релативно високите каматни стапки во САД.

Неговиот залет успори минатиот месец, поради тоа што инвеститорите видоа мал број на катализатори за поддршка на доларот во несигурна средина во смисла на временската рамка за зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД. Сепак, неизвесно е дали ФЕД  ќе ги зголеми каматните стапки кон средината на годината, или ќе сакаат да почекаат малку подолг временски период.