Девизните резерви на крајот на мај годинава изнесувале 5.210 милиони евра, соопштуваат од  Народната банка на Северна Македонија.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (68,5%), по што следуваат монетарното злато (16,6%) и валутите и депозитите (14,9%).