Народна банка објави дека на крајот на април 2021 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.003,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат  зголемување за 64,3 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (78,5%) по што следуваат валутите и депозитите (13,3%) и монетарното злато (8,1%).