Дигиталните услуги на Комерцијална банка се секогаш блиску до клиентите и до нивните потреби. И им обезбедуваат брзи, ефикасни и безбедни трансакции без потреба од посета на шалтер.

За овие функционалности и предности на дигиталните банкарски трансакции непосредно да се доближат до клиентите се погрижија вработени од Банката со директни инструкции и помагање на терен. Во повеќе експозитури во Скопје клиентите имаа можност да извршат трансакции на дигитален киоск и на cash in банкомат со помош на вработен од Банката, како и да дознаат дека им нудат голем број бенефити:

  • Плаќање сметки на дигитален киоск за услуги од ЕВН, БЕГ, Телеком, А1 и Телекабел – бесплатно, брзо, во кој било дел од денот и со картичка од која било банка.
  • Бесплатно печатење извод од трансакциска сметка преку дигитален киоск – за физичко лице корисник на Интернет банка на Комерцијална банка.
  • Бесплатна уплата на готовина преку cash in банкомат на сметка во Комерцијална банка – за сите иматели на дебитна или кредитна картичка за физички лица издадена од Банката.
  • Бесплатна уплата на готовина по основ на дневен промет на cash in банкомат во промотивниот период до 31.12.2022 – за правни лица кои поседуваат Visa Business Debit дебитна картичка од Комерцијална банка.

Корисничкото задоволство е континуирана грижа на Комерцијална банка. Со оваа иницијатива на Банката, дигиталните услуги уште повеќе ги доближи до корисниците затоа што им заштедуваат време и пари и ги прават нивните трансакции брзи и ефикасни.