Криминалот и корупцијата на власта ги изедоа парите, растот на БДП е 1 %, а јавниот долг од 62,1 % ја надмина дозволената граница, предупредува потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска. Во интервју за „360 степени“ на МТВ Димитриеска- Кочоска зборува за катаклизма во буџетот, за банкрот затоа што навистина состојбата е вели алармантна.
Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ако ги гледаме податоците ние вели имаме 62,1% јавен долг и веќе се надмина оној дозволен, според фискални правила во Законот за буџет каде стои дека се дозволува нивото на јавниот долг да оди до 60% од БДП, а сега сме 62,1%. 3% ќе биде буџетскиот дефицит, и тоа покажува дека состојбата е алармантна.
– Има потрошено над 700 милиони евра пари кои не дале никаков резултат, а на тоа мислам на капиталните расходи. Прашањето е за што се потрошиле парите. Ако се потрошиле наменски за капитални инвестиции, немаше БДП да биде 1% туку повисок. Реалноста е дека многу мал дел од овие средства отидоа за капитални инвестиции, сето останато се најразлични трансфери кои се даваат по претпријатијата. Последните 3 години има 360 милиони евра трансфери дадени на ЕСМ, а со тие пари ќе направеа огромна централа. Тоа се пари да се покријат криминалите и корупцијата, а не да се субвенционира струја. Криминалот и корупцијата ги изедоа парите. Дојде да не може плати да се исплатат, потенцираше таа.
Димитриеска-Кочоска истакна дека нема оправдувања дека било криза затоа што претходно за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ за време на кризите во 2009 и 2012 кои беа огромни финансиски, тогаш бевме лидери во справување со кризата во земјите од Западен Балкан сега сме на дното, предупреди потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ.