Во наредниот период може да очекуваме 69 милиони евра помош од ЕУ за справување со корона вирусот, потврди министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизија.

-Европската комисија ќе предложи голем фонд од 23 милјарди евра во борбата против корона вирусот од кој директно се погодени голем број од членките. Веќе преку СЗО имаат серизона финансика инјекција. Ние самите се пријавивме за конкретна помош. 69 милиони евра ќе додели ЕУ за нашата земја, 4 милиони се за итна подршка за здравствениот систем, 50 за помош економијата, 12 за приватниот сектор мали и сред и 3 директна буџетска поддршка, појасни Димитров.