Вложувањето во акции на компанијата е една од најдобрите стратегии за градење на долгорочен однос со  менаџерскиот тим кој потоа покажува поголема посветеност и лојалност во понатамошното работење. Според ова добро познато правило гледаме  промени кај двете компании котирани на Македонски берза чии директори од управни одбори се стекнаа со нови акции.

„Членот на Управен Одбор на Алкалоид АД Скопје, Ќире Ицев, се стекна со 145 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје“, соопштија од Алкалоид преку Македонска берза.

Акцијата на Алкалоид сега има вредност од 8000 денари и е една од поатрактивните на берзата бидејќи компанијата во континуитет доделува солидни суми за дивиденда од годишната добивка.

Покрај, членот на управен одбор на Алкалоид, со акции се стекна и директор на нафтената компанија Макпетрол.

„Согласно член 34, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, известуваме дека членот на Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје, господинот Саша Лекиќ, во изминатите 30 дена се стекна со 50 акции од издавачот Макпетрол АД Скопје“, соопшти Макптерол преку Македонска берза.

Макпетрол на последното тргување повторно ја издигна цената на акцијата близу 500 евра, односно сега има вредност од 29.500 денари.