Директорката на ММФ Кристалина Георгиева вчера побара од претставниците на Групата 20 најразвиени економии да преземат итни мерки во борбата против инфлацијата.

Таа предупреди дека глобалната несигурност може да се влоши доколку цените продолжат да растат.

Георгиева, говорејќи на состанокот на Г-20 во Индонезија, истакна дека „поради засилувањето на војната во Украина од страна на Русија“, цените на стоките и енергијата се зголемени, а глобалните финансиски услови стануваат покомплицирани отколку што се очекуваше, наведува Ројтерс.

Во исто време, додаде таа, последиците од пандемијата и проблемите во синџирот на снабдување продолжија да тежат на глобалната економска активност, а високо задолжените земји се под најголем притисок, наведува британската агенција.