Денеска е значаен ден за македонското осигурување. Директорот на Триглав Македонија – Ѓорѓе Војновиќ во Сараево на 8-ми јуни стана претседател на регионалното здружение за осигурување и реосигурувањеSorS.

Ѓорѓе Војновиќ има интересна кариера од репрезентативец во првата македонска кошаркарска репрезентација преку директор на неколку значајни друштва до директор на Триглав. Со почесната титула претседател на SorSтој ќе продолжи да ја претставува Македонија.

Триглав која е водечка компанија во македонскиот осигурителен пазар се една од двете македонски компании кои што членуваат во SorS, но се надеваме дека по добивањето на мандат на раководител на наш претставник тоа ќе се смени.

SorSпретставува најголема и најпрестижна конференција во регионот на која учествуваат скоро сите големи осигурителни и реосигурителни компании од Словенија, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Кипар.

Покрај идната конференција во 2019та година, нашиот претставник Ѓорѓе Војновиќ ќе раководи и со друштвото кое што има значаен импакт во развојот на осигурувањето во регионот. Какви планови и кои му се целите на господинот Војновиќ ќе може да прочитате во интервјуто кое ќе го објавиме наскоро.

Оваа година SorSбеше фокусиран на значењето на образованието во осигурувањето, тема која што ја покрија и универзитетски професори и компании кои што покажаа дека дизајнирани програми за образование на продажните агенти може да придонесе до значително зголемување на продажбата на полиси.

Мошне интересна беше и панел дискусијата која што се занимаваше со сајбер ризиците и начините на кои што осигурителните и реосигурителните компании во регионот ќе започнат да се приклучуваат во овој нов тип на осигурување.

Горди сме што Bits of Insuranceе македонски медиумски покровител на настанот и во следните денови ќе ги објавуваме бројните интервјуа и теми кои што ги подготвивме.

Подетално за  SorS можете да прочитате во нашата објава за настанот и интервјуто со генералниот секретар на SorS,господинот Златан Филипович.

 

Извор: Bits of Insurance