Дивиденда во висина од 243 денари за акција ќе исплаќа Алкалоид

2018-04-10 13:30

 На одржаната седница на Годишно собрание на акционери Алкалоид АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда за 2017 година во висина од 243,00 денари нето, односно 270,00 денари бруто за една акција што е за 8% повеќе од исплатената дивиденда за 2016 година.

Исплатата на дивидендата ќе започне од 16.05.2018 година. Како што се наведува во соопштението дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

 

Сите одлуки и материјали усвоени од собранието на акционери може да се преземат на овој линк.