Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/литар. Со ова малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ ќе изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В), се намалува за 1,50 ден/литар и со тоа малопродажната цена на ова гориво ќе изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,649 ден/кг и ќе чини 38,130 ден/кг.