Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 % во однос на Одлуката од 20.12.2021 година.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,504 денари за килограм и сега ќе изнесува 39,360 денари за килограм.

Од 28.12.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 73,50 денари за литар,

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 75,50 денари за литар,

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 64,00 денари за литар,

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 денари за литар,

Мазут М-1 НС 39,360 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,238 %, кај дизелот за 0,08% , кај екстра лесното масло има намалување за 0,112 % и кај мазутот намалувањето е за 1,447 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,154 % .