Дневен паркинг во хрватскиот град Дубровник чини и до 200 евра.

Во екот на сезоната дневниот билет чини 199,10 евра, а претходно чинеше 106,20 евра. Во втората зона дневниот билет е 132,70 евра, а во третата 17,30 евра.

Цените варираат во зависност од зоната и месецот во кој го посетувате Дубровник. Во нултата зона за еден час паркирање во сезоната (од мај до септември) гостите плаќаат 10 евра. Во првата и третата зона е 1,30 евра, наместо досегашните 0,70 евра. Во втората зона еден час чини 6,60 евра.  Повеќечасовен билет во првата зона чини 17,25 евра, а во втората 132,70 евра. Пред еден месец беше 53,09 евра. Дубровник и Сплит повеќепати досега беа високо рангирани на различни листи во поглед на туризам.