Во тек е поднесувањето на барањата за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023. Во струмичко поднесени над 4.000 апликации а освен во Струмица барања се поднесуваат и во општинскиот центар Ново Село. Аплицирањето трае до 30-ти јуни а земјоделците добиваат и информации за новиот модел на субвенционирање…

Повеќе од 4 илјади земјоделци од струмичкиот регион досега имаат аплицирано за субвенции од програмата за директни плаќања по површина. Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство соопштуваат дека рокот е до 30-ти јуни и земјоделските стопанства освен во Струмица може да поднесуваат барања и во општинскиот центар Ново Село.

Раководителот на подрачната единица Горан Цветков негира дека субвенциите се намалени туку дека истите ќе се исплаќаат авансно. Прво за површина а со поднесена изјава наесен дека производството е продадено на пазар, во преработувачки капацитет или за свои потреби ќе го добие останатиот дел субвенциите.

Во Струмичко има регистрирано околу 6.500 земјоделски стопанства. Најголемиот дел од нив се занимаваат со раноградинарство но во последниот период се повеќе се аплицира и за овошни и лозови насади.