Германската железничка компанија Дојче Бан објави дека била профитабилна во 2022 година благодарение на закрепнувањето на побарувачката за превоз на патници, но очекува загуба повторно во 2023 година поради трошоците за енергија и инвестиции. Во 2022 година работеа со оперативна добивка од 1,3 милијарди евра, по оперативна загуба од 1,5 милијарди евра во 2021 година.

Прилагодените приходи се зголемија за 19,1 отсто на ниво на групација минатата година, на 56,3 милијарди евра, достигнувајќи го највисокото ниво од основањето на Дојче Бан, објави Индекс хр.

Компанијата превезе околу два милиони патници минатата година, 40 проценти повеќе отколку во 2021 година, кога побарувачката сè уште беше попречена од мерките за борба против Ковид-19.

Добивката во одделот за логистика скокна за речиси 50 отсто, на 1,8 милијарди евра. Годинава Дојче Бан повторно очекува оперативна загуба од една милијарда евра, што укажува на високите цени на енергијата, инвестициите во инфраструктурата и зголемените каматни стапки.