Дојче Банк воведува построги процедури низ светот за нови вработувања, пренесува Ројтерс.

Според внатрешниот меморандум, вработувањето ќе биде „ограничено на позициите што се сметаат за клучни за успехот и идниот раст на банката“, и сите нови вработувања ќе бараат одобрување од извршниот директор на банката Кристијан Шевинг, како и неговиот заменик Карл фон Рор и шефот на финансии Џејмс фон Молтке. Во јули, Дојче Банк ги објави плановите за намалување на 18.000 работни места, како дел од реструктуирањето од 7,4 милијарди евра.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност на редакцијата на БанкоМетар.мк