RUD_06-20-13_PostПред неколку години најпопуларно инвестирање во светот преку ноќ стана инвестирањето во злато. Цената на златото за само неколку години се зголеми неколку пати.

Причината за тоа беше финансиската криза поради која инвеститорите почнаа да ја губат довербата во националната валута и масовно инвестираа во злато, кое отсекогаш се смета за засолниште во несигурни времиња.

Меѓутоа, кон крајот на 2011 година, ситуацијата се промени. Најголем дел од инвеститорите во финансиските пазари, сфатија дека нема да има колапс на глобалниот финансиски систем и почнаа со продажба на веќе преценетото злато и менувањето на капиталот во акции.

Од тогаш, се води дебата меѓу двете спротивставени групи на инвеститори за тоа дали инвестирањето во злато е добра инвестиција или не?

Инвеститорите кои ќе се одлучат да инвестираат во злато веруваат дека инвестирањето во злато се уште е подобра инвестиција, бидејќи оние кои купиле злато пред кризата продолжуваат со профитот, додека оние кои се залагаат за инвестирање во акции веруваат дека златото е непродуктивно средство кое нема да донесе долгорочни приноси како акциите, додека скокот на цената на златото пред неколку години беше очигледна аномалија.

Акциите во извештајниот период не беа добра инвестиција, додека златото достигна највисок принос. Во последните три години овој тренд почнува да се менува и акциите во развиените пазари почнуваат да даваат повисоки приноси.

Аналитичарите сметаат дека сегашниот тренд ќе продолжи и во следните неколку години акциите во развиените пазари како Германија и САД ќе бидат подобра инвестиција, бидејќи во овие земји ќе продолжат позитивните економски трендови, додека како последица на самото тоа цената на златото веројатно ќе падне уште повеќе. Дополнителна причина за пад на цената на златото е неговата поврзаност со каматните стапки во САД, најголемата економија во светот.

Референтните каматни стапки во САД веќе седум години се на најниско ниво во историјата и повеќе не ќе може да бидат значително намалени, а Банката на федерални резерви објави дека оваа година ќе почне да ги зголемува. Во таква ситуација, инвестирањето во заштеди во банките, обврзници и акции ќе стануваат се повеќе и повеќе атрактивни па дел од инвеститорте на злато ќе почнат да го продаваат и да инвестира и во други видови на средства. Ова најверојатно ќе резултира со дополнително намалување на цената на златото.

Со сегашните 1210 долари за унца цената на златото во наредните година или две може да падне можеби дури и под 1.000 долари за унца.