Добро вели Апасиев: Имаме лоши правници! Јас би додал: Имаме и лоши економисти!

Тема на оваа колумна денес е неодамнешната одлука на Народната Банка за запирање на исплатата на дивидендите оваа година, на банките во Македонија, и вчерашното „бранење“ на оваа одлука на професорот Томе Неновски.

Имено, пред да почнеме, сакам да потенцирам, дека одлуката т.е. наредбата за (не)исплата на дивиденди на банките е исправна, логична и јас лично ја поддржувам. Подолу ќе наведам и зошто. Но сакам да се осврнам на лошото „бранење“ на оваа одлука од страна на професорот Неновски вчера во интервју за ТВ Сител.

Имено, таму во интервјуто, некојаси новинарка наоружана со шминки, нокти и неснослив товар на простотилак истапи со клише-мантрата: Како ја коментирате одлуката за запирање на исплатата на дивидендите на банките оваа година? Прво еден совет до оваа госпојца: Госпоѓо – на вакви сензитивни теми треба да понесете нешто повеќе од шминки и нокти, а тоа е знаење. Вакви интервјуа со вакви сензитивни прашања и информации создаваат забуна и страв кај штедачите. Ама од кај би знаела. Кога може секој ебан ХР во државава да биде нереализирана госпојца со завршена психологија, што па ти да не бидеш економски новинар. Исто ти е, а економски, а спортски… Главно да се мантра клишето… тоа е….

На ова прашање, со кратки „мексички“ рафали одговара професоров: тр тр тр, пр пр пр… Зборува, не може да застане… Зборува, не се слуша… Зборува, никој не го разбира. Но се разбира и ова е во согласност со „стариот ков“ на наши професори. Превеле 2-3 книџиња од Запад, се купосале во фотељите и глумат божества над студентите со години. Со нула допринос за развој на модерната економска мисла, овие лебарки-паразити покрај што го оштетуваат буџетот, со нивната академска инертност ги оштетуваат сите идни генерации и развој на државата. Но не ми е таа патолошка слика тема на муабетов. Таа патологија е јасна уште од времето кога се апсеа „професорите-мераклии“ како Бобек Шуклев и Славе Ристески, кога се апсеа „чесните професори“ како Љубе Трпески, кога прилепското сулфурно дувло чиј нус производ беше еден Груевски, охридскиот „фамилијарен“ факултет каде нивото е на субсахарски услови – сето ова ми е јасно во еден континуитет од две децении. Сето тоа ми е јасно. Не ми е јасно, како па само овие фаци, кои на Запад би чистеле само клозети, се главни ликови кои нашиве новинари ги интервјуираат. Абре што разбира оваа фела од модерната економија и финтек во 21 век…

Да се вратам на Томета, од тоа што можев да го разберам меѓу „рафалите“ истресе дека оваа одлука била добра бидејќи ако се исплателе дивидендите – тие ќе се репатрирале кај странските газди – што е генерално точно и тоа ќе имало негативен резултат на платниот биланс – што е генерално неточно бидејќи е помал износ од тоа што нашиот платен биланс може да го издржи до осцилација на нестабилност – и ќе влијаелно на девизниот курс – што е апсолутно неточно бидејќи сите години уназад тоа не влијаелно на курсот, кој па за баксуз е врзан „како пијан за плот“ и фиксен дури и метеор да падне над антикава.

Не Томе, срамота а ова да го тврдиш а си професор. Срамота е што и гледачите и штедачите ова ништо нема да те разберат, бидејќи со такви рафали – ги жалам студентите.

Оваа одлука на Народната Банка е добра од следните причини :

Прво, Народна Банка не измисли топла вода. Ако чита нешто модернистичко Томе и најголем дел од оваа фела во Македонија, ќе знае дека ваква одлука донесоа сите банки во светот. Скоро без исклучоци. Значи нашата Народна Банка само ја преслика светската пракса.

Второ, Ова во светот, а и кај нас, е поттикнато од најавениот и крајно можен бран на банкроти поради пандемијата. Со оваа докапитализација на банките или нераспределена добивка од „заштедата“ на нераспределената дивиденда, се создава база кај банките да се поотпорни на „банкрот-удари“ од комитентите. Заради тоа и во најновите Базел критериуми стрес тестовите имаат многу повисоко ниво на резистенција кон банкрот-шокови – но и повисоки барања за адекватност на капиталот како и почести барања за докапитализации. Ние како суровинска база и длабока провинција, кога ќе заврши државната помош – која гледам некако е при крај и се потешко се носат новите мерки за помош на стопанството од страна на Владата – ќе значи ликвидација на голем број фирми во Македонија. Како и секаде во светот впрочем.

Трето, ова е чисто мое мислење за во иднина- забраната на исплата на дивиденди, на подолг рок, ќе овозможи пад на каматните стапки кај банките особено во делот на потрошувачките и станбените кредити. Доколку акционерите се „одморени“ неколку години од дивиденда, нивните очекувања кон менаџментот на банките ќе бидат поблаги. Поблаги очекувања кон и на менаџментот ќе донесат порелаксирано работење на банките, порелаксирани камати и поголема клиентска база. Ова, напоменувам, е мое мислење за во иднина.

Е, овие работи Томе требаше да ги кажиш и пак ќе ја оправдаше улогата на „бранител“ на оваа одлука на Народна Банка.

Текстот ќе го завршам со еден цитат од култниот Ристо Вртев, како посвета за таквите ко тебе, другите осудени професори, веџетејблс лајк Ванковска и останатите борании од факултети за безбедности, осигурања и секакви срања:

Изеди до трошка што небото дало, 

Пополни ги сите резерви на сало, 

Пат до Европа, провинциска слава,

Со свиснати гаѓи и опинок во глава….

 

Наум Димитровски