euro-dollar-billЕврото на меѓународните девизни пазари се зголеми во однос на доларот, откако доби поддршка од најновите информации за подобрување на економската клима во еврозоната и знаците на јакнење на инфлација во Германија.

Еврото зајакна за 0,3 проценти во однос на доларот, на 1,1007 $. Позитивните вести од еврозоната и нејзините најголеми економии и помогна на европската валута да отскокне од најниското ниво во последните два и пол месеци од 1,0896 $, на кое се спушти откако ФЕД сигнализираше за потенцијален пораст на каматните стапки во декември.

Аналитичарите на Goldman Sachs напишаа дека интермецото од март, кога ФЕД покажа поголема склоност кон лабавата монетарна политика, сега е затворено и доларот е на пат за значително зајакнување во однос на другите валути.

“Со оглед на можноста дека Европската централна банка (ЕЦБ) на седницата во декември да воведе дополнителни стимулативни мерки, оваа година би можела да ги покаже вистинските разлики во монетарната политика”, напиша аналитичарите, додавајќи дека тие очекуваат поизразено зајакнувањето на американската валута во следните неколку години.