Пaзарниот инспекторат постапува по сите Oдлуки на Владата кои се однесуваат на цените на производите, а тоа значи дека и понатаму ќе работиме со полн капацитет и сите инспектори ќе бидат на терен. Ова го изјави директорот на Пазарен инспекторат Горан Трајковски на социјалните медиуми.

„Никој не е над законот, барем тоа ќе биде така се додека јас сум директор на пазарниот инспекторат. Нема да дозволам да има исклучоци и секој кој прекршил одлука, закон, законски пропис ќе биде санкциониран со соодветна казна“, пишува тој на Фејсбук.

Владата на денешната седница ги замрзна цените на овошјето и зеленчукот, кои ќе почнат да се применуваат од среда, 5 април. Опфатени се 11 производи за кои се утврдени највисоки цени со важност до крајот на месецот.