Бруто домашниот производ на Бугарија (БДП) падна за 5,2 проценти на годишно ниво во третиот квартал на 2020 година, од пад на годишно ниво за 8,6 проценти во претходниот квартал, соопшти Националното биро за статистика.

Според „Сињуз“, во периодот јули-септември во тековната година, бугарската економија бележи раст од 4,3 проценти според сезонски прилагодените податоци, по падот од 10,1 процент во вториот квартал, изјави НСИ во блиц проценката.

Бугарскиот БДП во извештајниот период беше 31,2 милијарди лева (16 милијарди евра) по тековни цени, се додава во информациите и е еден од најмалите во Европската Унија, а исто така трендот на пад на бугарската економија непрекинато паѓа во подолга временска рамка, што укажува на структурни проблеми на бугарската економија, и дека падот не е пред се предизвикан од ковид-пандемијата, туку оваа економија навлегува во структурна криза која ќе потрае подолго.